„Вчера во спортската сала Јасмин во Кавадарци, за време на одигрување и по завршување на првенствен ракометен натпревар помеѓу екипите на Тиквеш 2014 од Кавадарци и Охрид од Охрид, повеќе лица од навивачките групи на двете екипи запалиле пиротехнички средства и ги фрлале на трибините кон останатата публика и кон полициските службеници, кои извршувале службени дејствија“, појаснија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Притоа, по завршување на натпреварот, едно лице од навивачката група од Охрид фрлило пиротехничко средство кон полициски службеник и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.