недела, 22 декември 2024

Покрај брзите возачи редот за казнување им дојде и на пешаците

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека 149 пешаци се казнети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин,но и дека  а за време на контролата санкционирани се и 104 други видови на  прекршоци.

Со радарска контрола на улиците и патиштата регистрирани се 247 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина. Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 169 надвор од населено место.

Во Скопје пак, изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за минување на црвено светло, а напишани се казни и за друг вид на сообраќајни прекршоци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, а возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ги почитуваат и останатите сообраќајни знаци и прописи. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, порачува МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ