Иако Палмер е изведувач на пенали во Челси, Мадуеке и Џексон сакаа да шутираат, па настана мешаница, тројцата играчи на сините се скараат среде натпревар.
„Палмер е изведувачот на пенали. Тоа нема да се повтори, не можеме да се однесуваме како деца повторно“, рече Покетино по мечот.
„Срамота. Им реков на фудбалерите дека ова е последен пат што ќе прифатам вакво однесување. Ова не е шега“.
„Повторно ќе кажам, многу е јасно, Кол Палмер е нашиот изведувач на пенали“.