недела, 22 декември 2024

Поголем број возила има на премините Табановце и Богородица

Камерата на граничниот премин Богородица за излез од Македонија утрово покажува зголемена фреквенција на возила кои патуваат за Грција. Поголем број возила има и за влез во Македонија од српска страна преку граничниот премин Прешево – Табановце, од Авто мото сојузот на Србија велат дека времето на чекање изнесува до 50 минути.

Фото: Богородица утрово

Објавено на

часот

Сподели

На другите гранични премини нема подолги задржувања.

Тоа што може попладне и вечер да се очекува е да биде голем бројот на патници кои преку Евзони – Богородица ќе се враќаат од Грција каде го минуваат продолжениот викенд.

Од Авто мото сојузот на Македонија – АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози и дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ