За творештвото на Веле Смилевски ќе зборуваат Милица Радевска и Симона Ристевска, а музичката придружба е на Влатко Симоновски и Тамара Василевска. Стихови од творештвото на поетот ќе читаат гиманзиски ученици од средното училиште „Таки Даскало“, кое утре го одбележува својот патронен празник.
Веле Смилевски основно и средно образование заврши во Битола. Годинава се одбележува неговиот јубилеј 75 години живот и 50 години творештво. По тој повод неодамна, во рамките на годишната програма на министерството за култура, излезе од печат избор од неговото творештво под наслов „Кула Вавилонска“.