Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски направија посета и увид на терен.
„Со овој проект овозможуваме уште посигурно и постабилно снабдување со електрична енергија за нашите корисници, како и поголем капацитет за приклучување на нови домаќинства и индустриски објекти. По целосното завршување на работните активности на оваа улица, компанијата ќе продолжи со реализација на други инвестициски проекти пошироко во општина Аеродром”, рече Маиер.
„Плодната соработка со ЕВН Македонија покажа видливи резултати на терен и тоа за рекордно време. Безбедноста на жителите е зголемена, а уличното осветлување е средено. Подземната мрежа овозможи уште поголем простор за општината, простор кој може да се искористи за други намени со цел инвестиции и олеснување на животот на граѓаните”, изјави Муцунски.
ЕВН Македонија годинава планира да инвестира околу 74 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.