Командатот на скопската проптивпожарна бригада, Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека во гаснење на пожарот од изутрината биле вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила.
Тој нагласи дека пожарот е ставен под контрола и оти нема опасност за негово ширење на околните објекти, но пожарникарите се уште не терен и работат на негово целосно гаснење, со оглед на тоа дека станува збор за поголема површина.
Пожар избувна и на поголема површина на Гази Баба. Во моментов таму пожарникарите работат на негово гаснење, а како што истакна Томевски во операцијата се вклучени две возила и пет пожарникари.
Фото: Постојано купишта ѓубре кај салата и хотелот Александар Палас