Од организатцијата на базарот во Сити мол велат дека во понудата ќе бидат застапени новогодишни сувенири изработени од фин бетон, персонализирани лампиони, детски новогодишен декор, меки текстилни кукли за елка, накит изработен од текстил, уникатни филигрански дизајни, новогодишни украси од глина и епоксидна смола, новогодишни беџови, честитки, новогодишни пакетчиња за Secret Santa, додатоци за книги, рачно нацртани новогодишни честитки во акварел техника, иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, колачиња во духот на претстојните празници, рачни везови, облеки за миленици, рачно изработени сапуни од природни масла и путери, свеќи и производи од соја и чист восок, рачно изработени волнени ракавици и шалови, рачни изработки од бегалците и барателите на азил во нашата држава, вклучувајќи честитки, накит, слики, шолји за чај, платнени торби и привезоци, украси во мандала уметнички стил и инсталации и аранжмани со воздушни билки.
Ракотворците што ќе изложуваат на годинашниот базар се поделени во групи. Првата група своите производи ќе ги претставува секој ден од 15 до 20 декември, втората група, од 21 до 25 декември, додека третата група ќе ги изложува своите производи од 26 до 30 декември.
Новогодишниот базар ќе биде отворен и на 31 декември до попладневните часови.
По повод претстојните празници денеска добротворен новогодишен базар ќе се одржува и во Ист Гејт Мол од 11 до 17 часот. Посетителите ќе можат преку донаторски ваучери да купуваат производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија и занаетчии.
Донаторските ваучери ќе бидат со различна вредност, а средствата се наменети за подобар живот и инклузија на најранливите, за подобра едукација, достоинтвена работа и добро здравје.
На настанот, според организаторите, ќе бидат доделени признанија. За најмладите се предвидени креативни работилници кои ќе ги научат на грижа за природата и за другите.
Базарот се одржува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
На почетокот на месецов беше отворен Зимзоленд во скопската Општина Аеродром. Зимзоленд ќе трае до 19 јануари.