Програмата нуди извонредни можности и отвора простор за развој на студентите кои ќе создаваат напредни дигитални услуги со врвна технологија, а ќе учат и агилно работење и дизајнерско размислување, коишто се високо ценети на пазарот на трудот.
„Со Smart Start им даваме шанса на младите да растат и да се развиваат во интернационална компанија, а од друга страна нашата компанија добива талентирани кадри со нова енергија и ентузијазам. Одиме во чекор со новото време, кон дигитална трансформација, заедно со новите таленти и нашите искусни професионалци“, истакна Ставрос Георгакопулос, лидер за вработени и трансформација во Македонски телеком.
Ова е втор циклус на Smart Start програмата, која почна во 2021 година, кога 28 студенти успешно реализираа 11 проекти, а 17 од нив станаа дел од тимот и продолжија со работа во телеком. И наредната година, младите ќе имаат можност да го почувствуваат ритамот на работа во компанија којашто е лидер во својата индустрија и да ја почнат својата кариера во телеком.