недела, 22 декември 2024

Почнува Меѓународниот стрип салон „Велес 2023“

Објавено на

часот

Сподели

На отворањето ќе биде отворена изложбата од пристигнатите стрипови од меѓународниот стрип конкурс, а ќе бидат врачени и наградите на најуспешните.

На отворањето ќе биде промовиран и каталог од проектот 20 Меѓународен стрип салон „Велес 2023“-Стрип колонија од ВЕ-4 со љубов“, којшто го финансира од Вишеград фондацијата на групата Полска, Словачка, Чешка и Унгарија, информира Томе Трајков од СЦМ-Велес

„Јубилејот на постоењето на најзначајната стрип манифестација во земјава создаде обврска истиот да се одбележи најрепрезентативно што може и во тоа се успеа. Велес е центар на македонската, балканската и европската стрип сцена“, потенцира Трајков.

Тој воедно информира дека во рамките на овој јубилеј, на 25 август ќе биде организирана посебна тематска изложба под наслов „20 Г Меѓународен стрио салон“, со плакати од сите досега организирани стрип салони.

Тој нагласи дека оваа година посебно ја одбележува и финансиската поддршка од страна на Интернационалниот Вишеград фонд и Западен Балкан фонд, покрај традиционалната поддршка од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес.

Од СЦМ-Велес на овие две значајни стрип манифестации ги повикуваат слободно да присуствуваат сите вљубеници на стрип уметноста од Велес и земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ