Од 1991 до 1993 година ја извршувал функцијата на заменик на општинскиот јавен обвинител во Тетово. По неколкугодишна адвокатска кариера, во Обвинителството се враќа на 10.04.2003 година кога Собранието го избира за заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија, додека од 14.04.2009 година е избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство без ограничување на траење на мандатот. Оваа функција ја врши до пензионирањето во 2018 година.
Извесен период Гавровски беше и член на Комисијата на претседателот на Република Македонија за помилување.
Јавното обвинителство изразува сочувство до семејството и блиските.