среда, 23 октомври 2024

Почина новинарот Петар Ѕалев, сведокот на промените во МТВ и во македонското новинарство

По кусо боледување денеска во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија.

Објавено на

часот

Сподели

Ѕалев, e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис (МРТ).

Во неговиот богат авторски и новинарски опус, Ѕалев работи и уредува во стопанската редакција на тогашната Телевизија Скопје, а потоа и во Македонската телевизија. Уредник е на Внатрешно-политичката редакција, а во 2009 година е назначен за одговорен уредник на Информативната редакција на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Бил и советник на извршниот директор на Македонската радиотелевизија, позиција од која заминува во пензија во 2023 година.

Петар Ѕалев е сведок на многубројните промени во јавниот сервис од независноста на државата. Ќе остане запаметен меѓу колегите по ведриот и колегијален дух, професионалноста со постојана подготвеност за објективно и навремено информирање на јавноста.

Погребот на Петар Ѕалев ќе се изврши утре во 13 часот на градските гробишта Бутел. Еден час претходно, во 12 часот неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ