сабота, 26 октомври 2024

Почина најдобриот стрелец на репрезентацијата на Италија, Луиџи Рива

Поранешниот италијански фудбалер Луиџи Рива почина на 79-годишна возраст во болница во Италија, а ќе остане запаметен по неговите настапи за Калјари од 1963 до 1976 година, но и како најдобар стрелец во дресот на италијанската репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

Рива во својата кариера настапи на 374 натпревари за Калјари, а притоа постигна 205 голови, додека во дресот на Италија стана најдобар стрелец со 35 погодоци на 42 настапи.

По крајот на фудбалската кариерата, Рива работеше и како директор во репрезентацијата на „аѕурите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ