сабота, 23 ноември 2024

Почина Лазар Лекиќ, легендата на македонската кошарка

На 85-годишна возраст, во Скопје почина легендарниот Лазар Лечиќ, еден од најважните кошаркарски работници во Македонија кој остави силен печат и во поранешна СФР Југославија.

Објавено на

часот

Сподели

Лазар Лекиќ ги постави темелите на кошарката во независна Македонија, тој остави голем траг на овие простори.

Кариерата ја почна во Работнички чиј тренер беше неколкупати, најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1978. Работеше и во МЗТ Скопје, Никол Ферт, беше тренер и во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис.

Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација, која во 1970 во Љубљана ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“. Погребот на Лечиќ ќе биде утре (14. август) на гробиштата Бутел од 10.30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ