петок, 7 февруари 2025

Почина Игор Југ, еден од осудените за упадот во Собранието на 27 април

Ноќеска, на 54 години, почина Игор Југ, еден од осудените за случајот со упадот во Собранието на 27 април 2017 година, кој беше осуден на 12-години затвор.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Веста за смртта на Игор Југ ја потврди неговата сопруга Ивана на социјалните мрежи.

Игор Југ беше еден од оние кои сакаше повторно судење за случајот тврдејќи дека со упадот во Собранието не го загрозил уставниот поредок на Македонија, ниту сторил терористичко загрозување.

Игор Југ наместо во затвор беше на слобода бидејќи имаше судски прекин на отслужување на 12 годишната казна затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ