Генералот Бојаџиев во текот на неговата воена кариера, до неговото пензионирање во 2005 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата, како командант на моторизирана бригада, командант на дивизија, началник на управата за операции, готовност и обука во Генералштабот, командант на гранична бригада, а во период од 2004 до 2005 година и највисоката должност началник на Генералштабот на Армијата.
Во текот на својата кариера повеќе пати добивал награди и признанија како заслуга за својата беспрекорна посветеност и залагање во армиската служба, пред сè во унапредувањето и усовршувањето на Армијата и армиските процеси, меѓу кои е одликуван и со Медал за воени заслуги и Орден за воени заслуги со сребрени мечеви.
Генералот Ѓорѓи Бојаџиев ќе биде погребан со воени почести денес на Градските гробишта во Штип во 14 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13.00 до 14.00 часот.