петок, 18 октомври 2024

Почина Џери Вест, човекот кој беше инспирација за логото на НБА

Американските медиуми објавија дека починал легендарниот кошаркар Џери Вест, по кого е настаното актуелното лого на НБА.

Објавено на

часот

Сподели

Џери Вест, еден од најважните ликови во историјата на НБА, почина денеска на 86 годишна возраст.

Член на „Куќата на славните“, Џери Вест се појави на Ол-стар натпреварот дури 14 пати, беше шампион во НБА во дресот на Лејкерс во 1972 година, а го доби и приматот на МВП на финалето во 1969 година.

Има и осум титули како оперативец, шест со Лос Анџелес Лејкерс и две со Голден Стејт Вориорс.

Најмногу е познат по тоа што беше човекот од кого е влечена инспирација за логото на НБА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ