33-годишната маратонка од Уганда која се натпреваруваше на Олимписките игри во Париз, во неделата беше запалена од нејзиното поранешно момче.
Властите во северо-западна Кенија каде Чептегеи живеела и тренирала, информираа дека таа била нападната кога се враќала дома од црква со нејзините две ќерки.
Докторите во изминатите денови се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат. Тие велат дека атлетичарката починала откако сите нејзини органи престанале да работат.
Поранешното момче на Чептегеи исто така било примено во болница со изгореници. Но тој е жив, на интензивна нега е и неговата состојба се подобрува.
Постои загриженост во Кенија од зголемување на насилството врз женските спортистки. Чептегеи е третата која е убиена од октомври 2021 година.