Од ЈП „Паркинзи“ појаснуваат дека во периодот од 01.04. до 07.04.2024 година, со помош на специјалните возила пајак на ЈП ПОЦ биле отстранети 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани биле 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Воедно најавуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.Целтта е да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.