недела, 22 декември 2024

Поарно не излегувајте надвор и затворете прозорци, гори депонија, им порача општината на тетовци

Објавено на

часот

Сподели

„Од рано утрово се чувствува непријатна миризба на воздухот во Тетово. Се работи за запалена дива депонија во Општина Брвеница, во близина на село Вокловија. Поради претпазливост од загаденост на воздухот, избегнувајте престој на отворено доколку немате потреба.

Воедно, апелираме до граѓаните да бидат совесни и одговорни. Да не фрлаат смет на несоодветни места и да не го палат. Здравјето и чистата околина се важни за сите нас! Да се грижиме и да бидеме одговорни!“, се вели во соопштението на Општината.

Инаку, како што информираше МКД.мк, веќе неколку денови се чувствува непријатна миризба, а од утрово, како што велат, смрдеата е неподнослива. Очите печат, носот чеша, тешко се дише, гневно велат тетовци кои иако живеат под националниот парк Шар Планина, наместо да им допира чист планински воздух, се гушат во ѓубрето кое несовесно се остава на несоодетни места, но надлежните инспекции и општински и државни органи недоволно реагираат тоа да се спречи.ж

„Терор! Цел Полог е во чад, горат дивите депонии. Ниту една институција не реагира, населението се труе од канцероген чад! Полицијата, општината, Министерството за животна средина, никој…“, соопшти Еко герила.

Депонијата е огромна и за неа има издадено дозвола Министерството за животна средина и просторно планирање, а на управување му е дадена на приватно лице, кое пак, им се заканувало на новинарите пристигнати да ја снимат состојбата. Тој не дозволил снимање „на приатен имот“, а не го убедиле ниту полицајците.

„Кризниот штаб во Општина Брвеница беше алармиран утрово дека има оган запалено на површина каде што е приватен соственик, правно лице кое има дозвола за третирање на отпад. Од страна на Кризниот штаб и инспекторот за животна средина веднаш е пристапено на терен, констатирана е состојбата, изработан е записник и ќе се постапи согласно она што е констатирано од страна на инспекторот. Во рамки на општина Брвеница, од страна на концесионер, тој е должен да го собира отпадот, меѓутоа во атарот на село Стенче има приватна сопственост, правниот субјект има право да го третира отпадот. Во рамки на надлежностите на Општина Брвеница, имаме инспектор за животна средина, имаме комунален инспектор, превентивно пред почеток на летото делувавме кај сите правни субјекти, за правилно третирање на отпадот“, изјави Горан Јовановски, секретар во Општина Брвеница.

Според секретарот на Општината, фирмата со претходното раководство склучила јавно-приватно партнерство со договор на 15 години. 

Пожарникарите велат дека главниот извор на огнот го изгаснале, но и дека постојано се пали и на други места, бидејќи има гасови.

На видеото на Тетово инфо се гледа како врз Тетово паѓа огромен облак смрдлива чад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ