Службата за односи со јавноста на Владата соопшти дека актите се прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работиТошковски, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања.
Како што се појаснува, согласно Законот за Влада на Македонија, заради организирање на избори за пратеници во Собранието дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документ – во спротивно не произведува правно дејство.