среда, 25 декември 2024

По средбата на Зеленски со Орбан: Го прашав за влегувањето во ЕУ, ништо не ми одговори (ВИДЕО)

Претседателот на Украина Володимир Зеленски е уверен дека европската финансиска инјекција од 50 милијарди евра, на која вето стави унгарскиот премиер Виктор Орбан, сепак Киев наскоро ќе ја добие, заедно со посилна поддршка од другите сојузници.

Објавено на

часот

Сподели

„Работиме на тоа“, кажа украинскиот лидер во Киев, на годишната конференција за медиумите. Зеленски оцени дека одлуката на ЕУ за отворање пристапни преговори е голема победа за Украина, меѓутоа призна дека односот со унгарскиот премиер, со кого се сретна пред неколку дена во Буенос Аирес, е сложен.

„Во Аргентина го прашав Орбан зошто не нè поддржува да влеземе во ЕУ. Ништо не ми одговори. Можеби неговата политика не е баш пријателска кон Украина, иако сме соседи и имаме заеднички предизвици“, кажа Зеленски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ