Асанж, кој е австралиски државјанин, моментално се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш. Тој се бара во САД под обвинение за шпионажа и се соочува со затворска казна до 175 години. Австралиските пратеници гласаа со 86 спрема 42 дека на 52-годишникот треба да му се дозволи да се врати дома.
Смртта на Навални доаѓа еден месец пред Русија да излезе на избори, на кои претседателот Владимир Путин се подготвува да победи. Во Москва и во другите руски градови, луѓето положуваат цвеќе на спомениците за да му оддадат почит на Алексеј Навални.
Според соопштението на руската Федерална казнена служба, на Навални му се слошило по прошетката во петокот и изгубил свест во казнената колонија во Харп. Пристигнала брза помош, но тој не можел да биде оживеан. Причината за смртта „се утврдува“, се вели.
Навални беше во затвор од јануари 2021 година. Тој отслужуваше „доживотна казна, што се мери со должината на мојот живот или со должината на животот на овој режим“. Неколку часа по неговата смрт, сопругата на критичарот на Путин, Јулија Навалнаја, се појави на безбедносна конференција во Германија.
„Но тогаш помислив што би направил Алексеј на мое место. Сигурна сум дека тој би бил тука“, рече таа, додавајќи дека не е сигурна дали може да верува во веста од официјални руски извори.
„Додека сме во шок што Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер, штотуку почина во затвор во Русија, да се потсетиме дека Џулијан Асанж исто така може да умре во затвор. Тој е затворен во високообезбедуваниот затвор Белмарш во Лондон, Британија, затоа што ја кажуваше вистината“, напиша едно лице на X, платформата порано позната како Твитер.
As we are shocked that Alexei Navalny, the Russian opposition leader, has just died in prison in Russia, let’s remember that Julian Assange might also die in prison. He is detained in the high-security Belmarsh Prison in London, UK for telling the truth. pic.twitter.com/UIYACBLgpp
— Simon Ateba (@simonateba) February 16, 2024