понеделник, 27 мај 2024

По Призрен и Тропоја, Ахмети стана почесен граѓанин и на Тирана

Советот на општина Тирана вчера за почесен граѓанин на градот го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавија медиумите.

Објавено на

часот

Сподели

„На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула ‘Почесен граѓанин’ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес кон албанската заедница во Македонија“, јавија медиумите.

Титулата почесен граѓанин се очекува да му биде врачена на Ахмети на 2 мај.

Претходно, Ахмети беше прогласен за почесен граѓанин во косовскиот град Призрен.

A во јануари годинава Ахмети стана почесен граѓанин и на Општина Тропоја во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ