сабота, 27 јули 2024

Откако Ахмети стана почесен граѓанин на Призрен, во Скопје потпиша договор со Бошњачкиот демократски сојуз

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше во Призрен каде стана почесен граѓанин на овој косовски град, а притоа го посети и Музејот на Призренска лига. Со Ахмети во Призрен беше и македонскиот технички премиер Талат Џафери. Потоа Ахмети се врати во Македонија па во паркот во Чаир потпиша договор со лидерот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац за приклучување на оваа партија кон Европскиот сојуз на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

На церемонијата во Чаир, Ахмети ја подвлече важноста на Европскиот фронт, наведувајќи дека има симболика што договорот со Бошњачкиот демократски сојуз е во паркот на солидарност за да се сподели болката за сите луѓе кои загинаа за време на војната во Босна и Херцеговина

„Овој договор е потпишан пред споменик кој не враќа во времето на болка, а оваа болка ја споделивме заедно со нашите бошњачки браќа, не само споделувајќи ја болката, туку и преку солидарност и учество на војните фронтови. Сакам да се потсетам на Беким Бериша, кој во тоа време се здоби со тешки рани во војната во Босна и на крајот како херој падна во Косово. Во оваа прилика сакам да ве потсетам на сите оние изгубени животи за време на таа крвава војна и геноцид. Затоа, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз се согласи овој договор да го потпишеме токму пред овој споменик, со кој ќе се потсетиме на болката, трагедијата и геноцидот“, рече Ахмети.

Aхмети почесен граѓанин на Призрен

Потоа тој нагласи дека договорот има и уште едно значење да ѝ се каже не на Русија, не за геноцидот и насилството во Украина.

„Со приклучувањето на Бошњачкиот сојуз се зајакнува Европскиот фронт и сме на прагот да бидеме убедлив победник на претседателските и парламентарните избори. Заедно велиме не на Русија и да за Европа и со ова парола ги повикуваме сите граѓани на Македонија, бидејќи мирот, стабилноста, безбедноста и иднината се градат заедно. Овој фронт е мисионер на мирот, па да живее народот и победата на 24 април и 8 мај на претседателските и парламентарните избори“, рече Ахмети.

Aхмети и Џафери гледаат поставки во Музејот на Призренската лига

Мунир Колашинац во својот говор рече дека неговата партија се приклучи кон, како што нагласи, победничкиот фронт за европска иднина на земјата.

„Бошњачкиот демократски сојуз, по внатрепартиски консултации, одлучи да се приклучи на Фронтот на победата за Европа со цел и ние, како Бошњаци, да го дадеме својот придонес за оваа најдобра иницијатива за нашата земја. Преку Европскиот фронт, ние Бошњаците веќе го направивме вистинскиот избор, здружувајќи се заедно со другите заедници за европска иднина на Македонија“, изјави Колашинац.

Инаку, кон Европскиот фронт на ДУИ се приклучија ДПА на Мендух Тачи, Алијанса за Албанците на Зијадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Аријан Хоџа, Турската демократска партија, Унијата на Ромите,   и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.-

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ