среда, 25 декември 2024

По претседателот, јужнокорејската опозиција планира да го отповика и премиерот

Во услови на тековни политички превирања во Јужна Кореја, најголемата опозициска партија во земјата се обидува да започне постапка за отповикување на премиерот Хан Дак Су, откако претседателот на земјата беше отповикан претходно овој месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на опозициската Демократска партија (ДП) Парк Чан Дае ги објави плановите за отповикување на премиерот за време на парламентарната седница во вторникот, објави новинската агенција Јонхап. Откако ДП ќе поднесе барање за импичмент, парламентот ќе треба да гласа за тоа.

Опозицијата го обвинува вршителот на должноста Хан за одложување на законот што треба да помогне во расчистувањето на обвиненијата за корупција против отповиканиот претседател Јун Сук Јеол и неговата сопруга.

Јун беше отповикан од парламентот во средината на декември. Потоа, Хан привремено ги презеде службените должности додека Уставниот суд да донесе конечна одлука за иднината на Јун.

Уставниот суд може или да го потврди импичментот на Јун или да го прогласи за неуставен. Судот почетокот на рочиштето го закажа за в петок.

Опозицијата го обвинува Јун за кршење на уставот. На почетокот на декември тој неочекувано прогласи вонредна состојба, за да ја укина неколку часа подоцна поради масовното противење. Јун ја бранеше својата одлука велејќи дека прогласил вонредна состојба за да ја заштити нацијата.

Тој ги нарече своите политички противници „државни непријатели“, тврдејќи дека ќе ги парализираат владините активности и ќе го нарушат уставниот поредок на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ