Како што соопштија од ЈП „Градски Паркинг“ Скопје, јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува со редовно работно време 09:00 – 16:00 часот, додека, пак, јавните паркиралишта: Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани им го честита 11 Октомври.