Глувци, мувла, влага, немање греење, немање топла вода… се главните проблеми кои ги истакнуваат затвореничките од Идризово во нивната петиција. Ваквите услови во македонските затвори беа нотирани и во последните неколку извештаи за состојбата во Македонија на Европската комисија.
Затворениците се закануваат со штрајк со глад ако итно не се преземе нешто за подобрување на условите во нивните ќелии.
Од Управата за извршување на санкциите информираат дека уште денеска биле преземени некои мерки за санирање на овие услови.
Од канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека пак отвориле предмет и го посетиле женското затвороско одделение.
За подобрување на условите во затворите има препораки и од Европскиот комитет за спречување тортура за третман на притворени и осудени лица. Во извештајот на овој комитет се вели дека условите во македонските затвори се нехумани.
A.Д.