Адејеми во 10. минута го матираше голманот на Баерн за водство од 1-0, по што Кејн во 23. минута пропушти огромна шанса и промаши цел гол од пет метри.
Актуелниот германски шампион напаѓаше во вториот дел, но Рајерсон во 83. минута ги откажа од битката за бодови и ги постави конечните 2-0 за „милионерите“.
Во самиот финиш Кејн даде гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.
Ова беше прва победа за Борусија Дортмунд во Минхен против Баерн по пауза од десет години.