Оваа одлука на Уставниот суд за укинување на замрзнатата основица за платите на функционерите дозволува зголемување на платите на функционерите и до речиси 80 отсто.
Ако нема никакви измени во примената на оваа одлука на Уставниот суд, пратениците веќе во април ќе треба да добијат по 1.750 евра, а министрите околу 1.850 евра.
Министерството за финансии деновиве испратило толкување до институциите дека новите плати на функционерите, по одлуката на Уставниот суд, треба да се пресметуваат според бруто плата, а не според нето плата.
Ова значи дека нивните плати може да се зголемат од 55 до 78 %, во зависност од коефициентите или од 1.500 до 3.500 евра бруто плата.