среда, 4 декември 2024

По невремето и поплавите во Грција прогласена вонредна состојба на Родос и Лимнос (ВИДЕО)

Дождот на Родос и понатаму паѓа, дополнително засилувајќи ја загриженоста на жителите. На Родос и Лимнос е прогласена вонредна состојба, откако бурата Бора зад себе остави невидено разурнување. На Родос, кој ја претрпе најголемата штета, синоќа на жителите им било испратено ново предупредување да избегнуваат непотребни излегувања поради врнежите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарската служба, локалните власти на Јужен Егеј и градската управа на Родос остануваат во готовност за да ги решат проблемите предизвикани од Бора. Како што е најавено, наскоро ќе почне процесот на евидентирање на штетата за погодените жители да можат да добијат соодветен надомест.

На објавените снимки се гледа како реката во Јалисос и понатаму е надојдена, предизвикувајќи дополнителни маки за жителите кои останале без своите домови и имот.

Според извештајот на АНТ1, на Лимнос во последните часови немало врнежи, а жителите се обидуваат да го спасат тоа што можат по разорните поплави. И таму е прогласена вонредна состојба, а сите училишта на островот се затворени.

Во изминатите три дена пожарникарските служби низ Грција забележале речиси четири илјади повици за помош. Според официјалните извештаи, од саботата 30 ноември наутро, кога невремето го достигнало врвот, до денес 3 декември, оперативниот центар на пожарникарската служба примил 3.937 повици за интервенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ