Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кои едното лице е сѐ уште во кома на Карил, а другото се разбуди од кома, но во тешка здравствена состојба е префлено на Инффективната клиника, објави телевизија Алфа. Роднини на семејството за телевизијата за оваа трагедија кажале дека питата била зготвена од два вида на брашно и праз.
По известувањето од клиниката, МВР за случајот информираше преку дневниот билтен за медиумите.
„На 17 октомври во 12 часот во полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15 октомври кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.
Метомилот е опасен инсектицид кој во Македонија е забранет за употреба.