недела, 22 декември 2024

По граѓанската, денеска се одржува аукција и за зелената обврзница

Освен граѓанската и зелената, министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска најави и нова, проектна обврзница, што треба да претставува алтернативен начин за финансирање инфраструктурни проекти. Новите видови државни хартии од вредност, вели Бесими, се дел од Стратегијата за управување со јавниот долг и Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за финансии планира да воведе нов инструмент на пазарот кој ќе биде наменет за финансирање инфраструктурни проекти, што е дел од новата стратегија за диверзификација на понудата на пазарот на капитал“, вели Бесими за регионалниот сајт „СиЊуз“.

Тој се осврнува и на граѓанската обврзница, најавувајќи втора емисија, како и на зелената обврзница од која се очекуваат 10 милиони евра кои ќе бидат искористени за поддршка на зелени проекти преку Фондот за енергетска ефикасност во Развојната банка. 

„Министерството за финансии во јули годинава издаде двегодишни граѓански обврзници во износ од 1,448 милијарди денари (23,6 милиони евра), со фиксна каматна стапка од 5 проценти годишно, што е двојно повеќе од планираниот износ од 600 милиони денари. Министерството за финансии веќе подготвува втора емисија на граѓански обврзници“, посочува Бесими, додавајќи дека ова е инструмент којшто постојано ќе биде присутен на пазарот на капитал и ќе биде достапен за граѓаните.  

Новите видови државни хартии од вредност, како што наведува министерот, се дел од Стратегијата за управување со јавниот долг и Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност и се во согласност со Планот за забрзан економски раст. Сите овие финансиски иструменти, како што вели, имаат развојна компоненета и се насочени кон поддршка на проекти планирани и во согласност со Буџетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ