Од ЦУК апелираат итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на единствениот телефонски број 112 во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.
„ЦУК неодминливо посочува дека голема улога за превенцијата од опасности имаа и ја остварија медиумите, како општествено одговорни чинители во општеството, што континуирано во текот на целата година ги елаборираа темите за опасностите и непогодите, а не само во сезоните кога тие се најчести. Така ја зголемија јавната свест за потреба од брза реакција при вакви и слични случаи што се важни за колективната, а и за индивидуалната безбедност на граѓаните, за чување на материјалната добра и природните богатства во текот на целата година, а не само во периоди додека елементарните непогоди се случуваат“, се додава во соопштението.