среда, 16 октомври 2024
Измама

Платил да му донесат возило од Германија, останал и без автомобил и без пари

Вчера во 10.00 часот во СВР Тетово, 45-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од А.Л.(44) од Скопје за сума од 750 евра. Според пријавеното, во август А.Л., сопственик на правен субјект од Скопје, го довел во заблуда и му ветил дека за еден месец ќе му изврши транспорт на патничко возило од Сојузна Република Германија, а тој за услугата му ги дал парите.

Објавено на

часот

Сподели

Откако поминал договорениот термин и не му било донесено возилото, сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ