петок, 18 октомври 2024

Пламнале три контејнери во Ѓорче Петров

Објавено на

часот

Сподели

Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на Геријатриската болница, велат од претпријатието и додаваат дека екипи на Комунална хигиена го исчистиле просторот и поставиле нови контејнери.

„Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Апелираме да престане уништувањето на садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи од страна на Претпријатието и очекуваме да бидат преземени соодветни мерки за изнаоѓање и санкционирање на сторителите“, изјави директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ