„Ова е пила за бирократијата“, рече Маск, кревајќи ја пилата во воздух, пренесе Ројтерс.
На црвената метална пила е изгравирана порака од аргентинскиот лидер на шпански: „Viva la libertad, carajo“ или „Да живее слободата, по ѓаволите“.
Маск води значителни кратења во американската влада, што ги вклучува банкарските работници, научниците во областа на ракетената технологија и десетици илјади други државни службеници.
Во американската Даночна управа во четвртокот 6.000 вработени беа информирани дека ќе бидат отпуштени.