петок, 18 октомври 2024

Петтата етапа на Дакар за Деспре и Холовчик

Објавено на

часот

Сподели

Деспре меѓу мотоциклистите со победата ја зголеми предноста од над десет минути во однос на Шпанецот Марк Кома во генералниот пласман. Кома заврши втор во оваа етапа, додека трет беше Џоан Бареда Борд, кој со овој пласман од 33. место се искачи на 14. место во генералниот пласман.

Криштоф Холовиц победи кај автомобилите, што беше прва победа за Полјакот, со што тој стигна до второто место и во генералниот пласман, но Стефан Петерхансел остана незагрозен. Францускиот ас има нешто повеќе од четири минути предност пред Холовиц.

Дождот што падна ја искомпликува петтата етапа, па скратениот последен „брзински испит“ го искачија Холовиц и на пиедесталот за етапата и во врвот на генералниот пласман. Роби Гордон беше втор на оваа етапа, а Петерхансел трет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ