недела, 22 декември 2024
Oд интервју на министерката за одбрана

Петровска го коментира Трамп и не гледа сериозност во неговите изјави

Во НАТО сите држави сме заедно и сите се штитиме, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за агенцијата МИА, коментирајќи ја изјавата на  Доналд Трамп, поранешен претседател на САД и претендент за повторно да ја зазаме челната функција во најсилната земја во НАТО, кога тој рече дека би дозволил од Русија да биде нападната држава членка на Алијансата која не издвојува над 2 проценти од своето БДП, за потребите на воениот сојуз. Петровска смета дека една од подобрите одлуки во Македонија беше таа да не се служи војска, а и оцени дека кај младите нема желба да се оди во војска.

Објавено на

часот

Сподели

„Документите на коишто почива Алијансата, тоа се сите оние документи кои се дел од основањето и врз основа на кои е основана Алијансата, меѓутоа и начинот ако видите на сите оние состаноци, сите носат процесите на носење одлуки во Алијансата, укажуваат и покажуваат дека во Алијансата важи правилото дека сите сме заедно и сите се штитиме едни со други, и сме дел од тој колективен систем на одбрана. Така што, многу е јасно, многу се јасни одредбите од Основачкиот договор каде што ако една земја е загрозена тогаш сите членки на Алијансата реагираат. И од тука ми дава за право да дадам коментар дека се додека важат тие правила, а тие правила се всушност и основата на Алијансата, дека секоја земја поединечно ќе биде заштитена во случај ако има било каков тип на напад врз неа.

Она што е многу важно е во да бидеме свесни за другите видови на закани кои се можеби невидливи и се разликуваат од овие конвенционалните, а за кои изминатиот период зборуваме многу и како држава, меѓутоа и во рамките на Алијансата, а тоа се хибридните закани“, рече Петровска коментирајќи ја изјавата на Трамп.

„Она што е многу важно, и тоа многупати досега сум го споменала, е дека при градењето на инструменти или механизми за одбрана или за борба со овие хибридни закани и хибридни влијанија, потребно е да се подига општествената свест или свеста во општеството, заради тоа што само во еден сојуз помеѓу институциите и останатите општествени субјекти може практично да го изградиме тој механизам за одбрана од хибридните закани“, вели министерката за одбрана во интервјуто.

Министерката не е поборник за враќање на задолжителниот воен рок, како што тоа се заговара во земјите од регионот, и смета дека одлуката што беше донесена пред две децении земјава да се потпира на професионална војска беше една од подобрите донесени.

„Кога зборуваме за враќање, можност за враќање на воениот рок, треба да знаеме кои се последиците или предизвиците можеби со кои би се соочувале како држава. Прво и првенствено немаме зголемена безбедносна закана за да го враќаме служењето на воениот рок. Меѓутоа и не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства и што е уште поважно тоа ќе значи дека на сите оние коишто ќе наполнат 18 години, ако тој биде задолжителен како што се размислувањата, идеите…, младите од 18 години нема да можат да бидат активни на пазарот на труд во тој период, ниту пак да го продолжат навремено образовниот процес. Младите денес се жедни да научат и да заработат нешто повеќе па би кажала дека прекратувањето или одлагањето на тоа нивно право повеќе ќе биде на штета не само на нив, туку и на државата.

Изминатиов период како што кажав, тој е многу долг период како имаме ние професионална армија во тој дел, градењето на капацитетите на македонската армија се случува во континуитет, резултатите кои ги гледаме преку нивното учество и во вежби, меѓутоа и во меѓународни мисии, навистина е за поздравување и сметам дека тој пат треба да го задржиме.

Аргумент дополнителен е и тоа што и сега нашиот Закон препознава можност за доброволно служење. Верувајте дека интересот е многу мал. На едно пријавување дали има дури едвај некогаш и петмина кандидати пријавени. Така што, воопшто расположението очигледно во нашата држава дека нема расположение помеѓу младите, а велам дека нема ни оправданост од аспект на Министерството за одбрана.

Дополнително што ние како Армија и Министерство, веќе во процедура го пуштивме концептот за резервен состав на армиските сили. Така што, можам да кажам, дека тој дел ни е совршено покриен“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ