петок, 18 октомври 2024

Петровска: Ако Алијанса за Албанците смета дека опозицијата дава подобри шанси зошто седи во Владата?

Албанската опозиција треба да се занимава со прашања кои се од интерес на државата. Жалам што сѐ уште постојат предзнаци на албански и македонски партии, мислам дека треба да се издигнеме на едно повисоко ниво, а тоа е кога зборуваме за европска интеграција на нашата држава, треба да зборуваме за политички партии по однос на нивната идеологија и тоа што сакаат да го постигнат, изјави вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Објавено на

часот

Сподели

Таа вели дека навлегување во една иста националналистичка реторика кој е поголем Албанец или Македонец, нѐ враќа наназад, и оти таа реторика ја имавме порано и е завршена.

„Ние понудивме концепт за идниот тек на патот на нашата држава и го нарековме европски пат, така како што сметаме дека државата треба да продолжи. Кои партии ќе прифатат да бидат дел од тој европски блок, ќе видиме. Тоа ќе бидат политички партии кои ја делат заедничката визија за Северна Македонија како европска држава и држава членка на ЕУ, покрај тоа што го постигнавме и најголемиот успех досега, а тоа е членството во НАТО алијансата. Очекувам во тој блок да се приклонат и да го подржат политички партии кои се со европска ориентација. Тие што сакаат да продолжиме на патот кон ЕУ без притоа да предизвикуваат или создаваат некои нови препреки, туку напротив, со носење на одлуки кои се тешки но, треба да гледаат подалеку од сопствените интереси и рејтинзи“, рече таа во интервју на Канал 5.

Петровска во врска со анкетите кои излегоа во јавноста посочи дека, тоа е еден сегмент, но се прават подлабински анализи.

„СДСМ јасно кажа и ќе повторуваме дека сакаме целосна интерграција на земјата во ЕУ, тоа е единствениот пат кој треба да го одбереме сите заедно“, рече Петровска.

Според неа, техничка е владата зашто сме пред избори, меѓутоа, посочи, оваа влада и сите институции треба да гарантираат дека сите обврски и надлежности ќе ги исполнуваме онака како што е предвидено и нема да попречиме во нормалното функционирање на државата.

„Покрај тоа што фокус се изборите, се разбира си ги извршуваме и секојдневните активности секој од своја надлежност. Не би навлегувала да ги анализирам случувањата во Алијанса за Албанците (АА) и превирањата што тие внатре ги имаат, меѓутоа ќе кажам дека она што е предлог на претседателот на Владата, Талат Џафери, кој е веќе предложен во Собранието, а тоа е замената на двајцата министри, се надевам дека ќе биде подржан“, рече таа.

Таа посочи дека СДСМ ги следи изјавите дадени во јавноста од лидерот на АА, Арбен Таравари кои се во насока дека гледаат преспектива во опозициониот блок. Петровска посочи дека ако сметаат дека опозицискиот блок дава подобри шанси, зошто воопшто седат во Владата и седењето во неа кога се на став дека подобра е опозицијата.

„Многу длабоко навлеговме во тоа што се случува во албанските партии, и за тоа дали е некој против ДУИ, а во државата на маса имаме нерешени прашања кои треба да ги решиме час поскоро за доброто на државата. Се заглавивме во дисикусија што се случува во нив. Она што е најважно за секој кој учествува во политиката особено во наредниот период како ќе доаѓаат изборите, е да бидеме чесни и одговорни пред сопственото гласачко тело, пред граѓаните. Едноставно да бидеме искрени и чесни. И да кажеме кој е планот на секој од нас и како политичари и како претставници на политички партии“, рече Петровска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ