недела, 22 декември 2024

Петмина загинати и 18 повредени во украински напад на Белгород (ВИДЕО)

Во бомбашки напад кој ѝ се припишува на Украина, денеска пет лица загинаа, а 18 се повредени во рускиот град Белгород, изјави гувернерот на областа што граничи со Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според привремените податоци, во Белгород загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете, а 18 лица се повредени, меѓу кои пет деца“, напиша гувернерот Вјачеслав Гладков.

Според него, во Белгород биле оштетени неколку станови, куќи и автомобили, како и мал трговски центар и објект на индустриска компанија.

Претходно денеска државната новинска агенција Риа Новости објави дека бил извршен бомбашки напад врз трговски центар. Агенцијата сподели видео на кое се гледа продавница со скршени излози и влез во урнатини.

На видеото се видливи и неколку тела.

Градот Белгород, кој се наоѓа на околу 40 километри од украинската граница, е главен град на истоимената руска област, која редовно е мета на Украина, како еден вид одговор на големите воени акции што ги спроведува Русија.

Руските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана над регионот Белгород собориле 14 украински ракети.

Во декември, за време на досега најсмртоносниот напад на Белгород, загинаа 25 луѓе, а уште стотина беа ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ