Ќе се прикажат филмовите „Амен“ на Ана Марија Јанковиќ, „BUG“ на Филип Момировски, „Прошетка“ на Елеонора Венинова, „Турбо-Нет“ на Надежда Панова и „Тага“ на Тина Величковиќ. Проекцијата ќе биде проследена со панел дискусија.
Филмовите се дел од зимското издание на фестивалот „Манаки“, односно програмата Мак-про или Македонско ќошe, која од технички причини, не се одржа за време на ланскиот фестивал.