недела, 29 декември 2024

Пет јавни повици на МЗШВ за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари, додека пак другите четири се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавните повици се објавени и на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ