По првото полувреме водеше Њујорк со 1-0, а во вториот дел се случи нешто досега невидено.
Интер Мајами во вторите 45 минути даде шест гола и на крајот славеше победа од 6-2. Лионел Меси учествуваше во сите шест погодоци, даде еден гол и имаше дури пет асистенции.
Последните три гола беа дело на Луис Суарез кој го постигна првиот негов хет-трик во МЛС.