среда, 4 декември 2024

Пестициди кои ги убиваат пчелите најдени во 85 отсто од англиските реки

Пестициди кои ги убиваат пчелите се најдени во 85 отсто од тестираните реки во Англија, покажува анализа која ја спровеле еколошки групи откако ги проучиле достапните податоци на британската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Екологистите ги разгледале податоците на Агенцијата за животна средина за неоникотиноидните пестициди во речните области тестирани меѓу 2023 и 2024 година, откривајќи дека се чини дека уделот на зафатените реки се зголемил од 79 отсто, колку што биле евидентирани при тестирањата од 2020 до 2022 година.

Неоникиноидите го уништуваат нервниот систем на пчелите и се забранети во Европа, но во Британија нивната употреба редовно се одобрува секоја година од 2021. Истражувањата покажале дека на тие пестициди се чувствителни и други мушички, со потенцијални последици за рибите и птиците во поширокиот ланец на исхрана.

Британската влада во моментов размислува за употреба на неоникотиноидите на посеви на шеќерна репка и покрај тоа што за време на кампањата за изборите вети дека ќе ги забрани.

Здруженијата Риверс траст и Кантрисајд линк, кои ја направиле анализата, тврдат дека во подрачјата во кои се сконцентрирани одгледувањето и преработката на шеќерната репка е откриена една од највисоките стапки на неоникотиноиди во тестираните речни примероци.

Тие предупредуваат дека најновите податоци укажуваат на намалување на ресурсите на Агенцијата за животна средина и последично на намалување на надзорот на реките за кои се задолжени државните регулатори. Во рамки на летната предизборна кампања актуелниот премиер Кир Стармер вети дека „новата влада ќе ги забрани неоникотиноидните пестициди имидаклоприд, клотианидин и тиаметоскам поради нивното штетно влијание на пчелите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ