среда, 5 февруари 2025

Песков: Сѐ уште нема услови за завршување на војната во Украина

Во моментов нема предуслови за завршување на војната во Украина или некоја од нејзините фази, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не“, рече тој, одговарајќи на поставеното прашање.

Вчера министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена за преговори за решавање на ситуацијата во Украина, пренесува РИА новости.

Тој истакна дека преговорите треба да бидат насочени кон елиминирање на основните причини за кризата и да се земе предвид реалната состојба на теренот.

Лавров рече дека рускиот пристап за решавање на конфликтот го претставил претседателот Владимир Путин во јуни.

Според овие услови, Москва веднаш ќе го прекине огнот и ќе изрази подготвеност за преговори по повлекувањето на украинските војници од окупираните територии.

Украина, исто така, мора да се обврзе дека ќе се откаже од намерата да се приклучи во НАТО и да се „демилитаризира“ и „денацифицира“, како и да прифати неутрален, вонблоковски и ненуклеарен статус.

Путин ја спомена и потребата од укинување на санкциите против Русија.

Киев тогаш условите на Путин ги нарече „апсурдни“ и нагласи дека рускиот претседател се обидува да ги измами светските сили и да ги поткопа вистинските мировни напори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ