Портпаролот Дмитриј Песков предупреди дека не е време за предвремени прослави, откако Трамп минатата недела ја прекина воената помош за Киев, а Илон Маск го ограничи пристапот на украинската војска до Старлинк.
„Не брзајте да гледате низ розови очила“, рече Песков.
„Секогаш мораме да сè надеваме на најдоброто, но да бидеме подготвени за најлошото. И мора да бидеме подготвени да ги браниме нашите интереси“, додаде тој.
Песков истакна дека Русија ги постигнува своите цели на бојното поле без оглед на одлуките на САД.
Тој, исто така, предупреди дека количината на оружје во Украина е веќе доволна за Киев да продолжи да се бори уште многу месеци, дури и со прекин на американските испораки.