Песков во интервју за телевизијата Русија 1 изјави дека изјавите на Макрон за разместувањето на нуклеарното оружје е цинизам.
„Одамна не сме слушнале толку жестоки критики на претседателот на Франција на сметка на САД“, кажа со иронија портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја изјавата на Макрон.
Претходно, на конференција за новинарите по состанокот во Пекинг со кинескиот претседател Си Џинпинг, Макрон кажа дека ниедна земја под ниедни услови не може да распореди нуклеарно оружје на странска територија.
САД тоа го прават со децении на териториите на своите сојузници.