петок, 18 октомври 2024

Песков: Давањето какви било безбедносни гаранции на Украина е погрешно и опасно

Објавено на

часот

Сподели

„Со обезбедување на какви било безбедносни гаранции за Украина, овие земји всушност го игнорираат меѓународниот принцип на неделивост на безбедноста. Односно, давајќи гаранции за безбедност на Украина, тие посегнуваат по безбедноста на Руската Федерација“, рече портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја изјавата на Аманда Слот, директорка за Европа во Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави, дека лидерите на Г7 ќе објават долгорочни безбедносни гаранции за Украина.

Документот предвидува распределба на воена опрема за Киев, зајакнување на размената на разузнавачки податоци, проширување на програмите за обука на Вооружените сили на Украина, како и развој на индустриски капацитети.

Песков додаде дека снабдувањето на Украина со касетна муниција ја менува ситуацијата и ја принудува Русија да преземе контрамерки.

Во однос на соработката меѓу Русија и Кина, портпаролот на Кремљ рече дека таа не е и никогаш не била насочена против трети земји и какви било сојузи и дека овие односи носат мир и стабилност во регионот.

Портпаролот на рускиот претседател ги отфрли обвинувањата дека борците на Вагнер наводно сакале пристап до нуклеарно оружје за време на обидот за бунт, велејќи дека Кремљ нема такви информации.

Шефот на Главната разузнавачка управа (ГУР) на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов, изјави дека за време на настаните од 24 јуни, бунтовниците наводно стигнале до складиштето за нуклеарно оружје Воронеж-45 со цел да заробат нуклеарно оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ