Македонската ракометна репрезентација ја совлада Гвинеја со 29-20, но мечот не одеше така лесно како што планиравме.
„Најважно е дека победивме, ја израдувавме македонската јавност и одиме понатаму. Беше потешко од очекувањето, малку бевме во грч, но на крајот пресуди искуството во квалитетот. Австрија, Франција и Катар се тешки протвници, ќе ни биде потребна поддршка од трибините и добра подготовка за тие дуели“, рече Пешевски по мечот.